Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Clinical medicine


Year: 2026


Type: Conference or Workshop Item
Type: PeerReviewed



Title: Поврзаност на цревната микробиота со нутритивни алергии и атописки дерматит


Author: Dimitrovska Ivanova, Marija



Abstract: Вовед: Цревна микробиота - популацијата на микроорганизми што ги населуваат цревата на човекот. Двете главни карактеристики на цревната микробиота се богатство и разновидност; Богатсво – вкупниот број на присутни бактериски видови (x3 > од бројот на клетки во телото) Разновидност - бројот на индивидуални бактерии од секој од присутните бактериски видови. Составена од приближно 600 различни бактериски видови, од кои 98% потекнуваат од две доминантни фили, Bacteroidota и Firmicute. Цревниот микробиом (над 22 милиони гени) е приближно 10 пати поголем од геномот на човекот. Развојот на цревната микробиота започнува во феталниот период- Детекција на бактериска ДНК во плацентата, амнионската течност и мекониум. Материјал и методи: Физиолошки процеси: варењето, метаболизмот, регулирањето и созревањето на имунолошкиот систем. Mодулирање на орална толеранција преку намалување на циркулирачки базофили, промовирање на интегритетот на епителната бариера и индуцирање на диференцијација на T регулаторни лимфоцити. Резултати: Биосинтеза на егзополисахариди: промовирање на формирањето на биофилм што ја олеснува колонизацијата на епителот и ја зголемува шансата за преживување на бактериите, пребиотски ефект, како и имуномодулаторна активност преку намалена секреција на инфламаторни цитокини (TNF-α, IL-6, IL-1β), го подобруваат интегритетот на интестиналната епителна бариера. Плазмид кодираните протеини на површината на клетките L. casei LOCK 0919 го зголемуваат адхезивниот потенцијал на бактеријата, ја олеснуваат колонизацијата и ја продолжуваат перзистенција во цревата на домаќинот. Обезбедуваат конкурентска предност во однос на другите бактерии (вклучувајќи ги и патогените). Стимулираат експресија на ZO-1 протеините во илеумот. Заклучок: Употребата на пробиотици го намалила SCORAD индексот за повеќе од 50% во однос на нивото пред третманот. Во контролната група SCORAD индексот е намален за само 10 поени. Независно од типот на алергијата значајно намалување на SCORAD индексот е најдено само во групата која примала пробиотици.


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/38316/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:38316
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/38316/1/PROGRAMA_za_Kongres_MK_za_web%201.pdf
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/38316/2/PROGRAMA_za_Kongres_MK_za_web%202.pdf
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/38316/3/%D0%9F%D0%BE%D0%B2%D1%80%D0%B7%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%86%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BC%D0%B8%D0%BA%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BE%D1%82%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%20%D0%BD%D1%83%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8%20%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%80%D0%B3%D0%B8%D0%B8%20%D0%B8%20%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%B4%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%82%20-%20Copy.pdf
Identifier: Dimitrovska Ivanova, Marija (2026) Поврзаност на цревната микробиота со нутритивни алергии и атописки дерматит. In: 4-ти Интернационален конгрес на Педијатриското респираторно здружение Педиарес, 24-26 Apr 2026, Skopje. (Unpublished)



TitleDateViews
Поврзаност на цревната микробиота со нутритивни алергии и атописки дерматит202614